Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Фронтот ќе формира Национална антикорупциска дирекција НАД по моделот на романското ДНА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го промовираше „Фронтот за вистина и правда“ и најави формирање на Национална антикорупциска дирекција НАД, по примерот на романското ДНА, како дел од новиот Закон за нулта толеранција за корупција.

„Денес го објавувам фронтот за истина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите обединети околу вредностите за Европска Македонија“, истакна Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека првиот закон што ќе го потпише новата влада и тој како премиер ќе биде Закон за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност.

„Ќе се осврнам на клучниот стол на кој програмата се темели, а тоа е Закон за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентност. И тоа е првиот закон кој што како премиер на новата влада после изборите ќе го потпишам во интерес на сите граѓани и во интерес на иднината на земјата“, рече Филипче.

— реклама —

Во рамки на законот, Филипче најави формирање на нова независна институција за борба против високата корупција.

„Второ, основање на национална антикорупциска дирекција НАД според моделот на романскиот ДНА. Нова целосно независна институција, полна финансиска и кадровска независност, надлежност за сите, од премиер до градоначалник до најситен функционер на локално ниво. Директорот се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, за да не може ниту една политичка партија да влијае и да го контролира“, истакна Филипче.

Тој додаде дека новата дирекција ќе има сопствен буџет и истражители, по примерот на успешните европски модели.

— реклама —

„Ќе има сопствен буџет и сопствени истражители. Моделот е комбинација на романското ДНА, која има огромна ефикасност, и естонските дигитални алатки. Финансирањето 60% од европските пристапни фондови и 40% од буџетот, плус пари вратени од корупцијата“, рече Филипче.

Филипче најави и целосна соработка со Европското јавно обвинителство.

— реклама —

„Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители“, порача Филипче.

„Ова не е само закон, ова е гаранција дека корупцијата ќе има име и презиме и датум на суд. Секој кој го прекршил законот ќе одговара“, нагласи претседателот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања