Промени тема
Контакт

(Видео) Филипче ги избрка од СДСМ тие кои „седат на две столчиња“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека партијата влегува во фаза на целосна внатрешна консолидација и дека повеќе нема да толерира членови кои, како што рече, „седат на две столчиња“ и истовремено работат за други политички опции.

Филипче јасно стави до знаење дека СДСМ ќе биде отворена за сите кои искрено сакаат да се борат заедно со партијата, но дека нема место за оние кои ја поткопуваат одвнатре. Тој упати директна порака до, како што ги нарече, „тројанските коњи“, потенцирајќи дека таквото однесување повеќе нема да биде дозволено.

„Кој сака да се бори рамо до рамо со нас, добредојден е – вистински, искрено, братски. Но кој планира да нѐ поткопува одвнатре, да биде тројански коњ на ВМРО или на други интересни групи, нека си замине веднаш. Немаме време за предавства. Немаме луксуз за суети. Или сме заедно во оваа битка за живот и смрт на демократијата или не сме ништо. Јас бирам да бидеме сѐ“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека партијата нема да функционира од „удобни фотељи“ и преку објави на социјалните мрежи, туку дека СДСМ се враќа на терен, меѓу граѓаните. Според него, активностите на партијата ќе бидат насочени кон директен контакт со луѓето, но не со цел да се моли за поддршка, туку да се разбуди јавната свест и политичката енергија во државата.

— реклама —

„Нема пишување статуси од удобни фотељи. СДСМ е на терен, ќе чукаме на секоја врата, но не за да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија“, порача лидерот на СДСМ.

— реклама —

Со овие пораки, Филипче испраќа сигнал дека во периодот што следува СДСМ ќе инсистира на лојалност, јасна политичка определба и активна вклученост на членството, во обид да се зацврсти партијата пред идните политички предизвици.

Ова доаѓа откако челници на партијата помеѓу кои се Петре Шилегов и Јован Деспотовски, јавно го критикуваа Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања