Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Филипче ги посети студентите од шестта година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во ИЈЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерот Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за Јавно здравје.

Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и тоа покрај Институтот за Јавно здравје и во Државниот санитарен инспекторат, така и во Центарот за јавно здравје во Скопје. Во наредните недели, согласно потребите, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на ковид позитивните пациети.

— реклама —

“Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи.Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје”

— реклама —

Упатуваме благодарност и до Телеком кои ни обезбедија телефонски уреди за сите студенти вклучени во проектот, како и на Нептун за донацијата на лаптопи.

— реклама —

Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања