Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: „Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од изборниот конгрес на НСДП упати повик до политичките партии, граѓанските организации, активистите, интелектуалците, младите и пензионерите да се приклучат кон Фронтот за слобода и правда, иницијатива која, како што рече, има цел да се спротивстави на актуелната власт.

— реклама —

Филипче му честиташе на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, за досегашната работа и се заблагодари за долгогодишната коалициска поддршка, оценувајќи дека двете партии делат исти вредносни политики.

„Коалицијата и соработката продолжуваат и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои веќе го потврдија учеството, туку и други политички партии, па дури и дел од коалициските партнери на сегашната власт“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој упати повик и до граѓанските организации, активистите, студентите, младите и пензионерите, оценувајќи дека во земјата нема перспектива со актуелната власт.

— реклама —

Во своето обраќање, Филипче ја обвини Владата за криминал, економски штети и меѓународна изолација на државата, тврдејќи дека работи спротивно на интересите на граѓаните.

„Затоа заеднички во Фронтот да се бориме против оваа криминална власт која го пљачка и последниот денар од буџетот, која ја држи земјата во изолација и работи за туѓи интереси“, рече тој.

— реклама —

Според Филипче, Македонија повторно ќе се врати на европскиот пат и ќе стане демократска и слободна држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања