Ставот на министерот за здравство Венко Филипче и на Комисијата за заразни болести е кафулињата и рестораните да работат само надвор, а во јавниот превоз задолжително да се носат маски. Кога ќе бидат отворени угостителските објекти и кои протоколи ќе треба да ги почитуваат министерот Филипче вели дека ќе се знае до крајот на оваа недела.
— реклама —
„Сите протоколи ќе ги објавиме до крајот на оваа недела и очекуваме дел од нив да бидат во функција од следната недела“, рече министерот Филипче потенцирајќи дека протоколите ќе содржат детални упатства за работење со мерки за заштита од коронавирусот.
— реклама —
Со посебен протокол ќе биде пропишано како и кога ќе се отворат и базените. Постои можност за пренесување на вирусот во соблекувалните и начинот на кој што ќе се користат, министерот најави дека ќе биде посебно уреден. На ист начин ќе се уреди и одржувањето тренинзи како и работата на сите останати спортски објекти.
— реклама —
фото: Архива
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.