Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филипче го зајакнува тимот, д-р Александар Трајановски е предлог за нов потпретседател на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ, трауматологот д-р Александар Трајановски, ќе биде номиниран за нов потпретседател на партијата, најави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

Филипче ја соопшти оваа одлука пред вечерашниот состанок на Извршниот одбор, на кој, како што истакна, ќе бидат презентирани дел од плановите за кадровски и политички промени во рамките на партијата. Тој повика на трпение и разбирање од членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека процесот се спроведува внимателно и со јасна стратегија.

– Д-р Трајановски е човек исклучително посветен на партијата, имаше одлична и препознатлива кампања и привлече големо внимание во јавноста. Сметам дека ова е значајно кадровско зајакнување на раководното ниво на СДСМ – изјави Филипче.

— реклама —

Александар Трајановски е специјалист ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тој е актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ и долги години активен во партиските структури.

— реклама —

Оваа кадровска промена следува по оставката на дотогашната потпретседателка Ана Чупеска, која ја поднесе пред вториот круг од локалните избори.

На денешната прес-конференција, Филипче ги отфрли шпекулациите дека нудел функции на поранешни градоначалници и бил одбиен, нарекувајќи ги „кафански муабети“ без основа.

– Во партијата нема никакво раслојување. Напротив, постои силно чувство на единство и заедничка цел – нагласи лидерот на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања