„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: И покрај зголемента потрошувачка, антикоагуланта терапија Клексан и ксералте има доволно во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Потрошувачката на антиокагулантна терпија во земјава е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терпаија ниту во аптеките нтиу во болниците.

— реклама —

- И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со ковид 19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта, вели министерот д-р Венко Филипче.

Добавувачите на овој тип на лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но со зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.

— реклама —

- Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвациите од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничка аптека ги има во континуитет и и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата, вели Филипче.

Во текот на наредната недла ќе се испорачаат и дополнителни колични на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања