Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Филипче и раководството на болницата од Охрид бараат начин за потепено раздолжување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

DSC03418-2

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во работна посета на Општата болница во Охрид, каде во употреба беше предадено специјално возило за транспорт на пациенти, донација на компанијата „Руски транс“ реализирана преку соработка со „СОС Балкан медиа“.

— реклама —

Министерот Филипче кажа дека со раководството на болницата ќе разговараат за постепеното раздолжување на установата, за изградбата на новата поликлиника, како и околу имплементирањето на пилот-проектите за полесен пристап на пациентите до поквалитетни и подостапни здравствени услуги, како и за потребата од нова апаратура.

— реклама —

– Планираме набавка на опрема за повеќе болници во државата, што ќе се реализира согласно потребите на регионите, утврдени преку т.н. економска анализа на медицинска технологија. Тоа значи дека за потребите на пациентите од регионот опремата ќе се распоредува во болниците во Охрид, Струга и во болницата „Свети Еразмо“, чија реконструкција предвидува целосно нова опрема. Апаратите од таа болница, како и апаратите во болниците во Охрид и Струга ќе бидат насочени за задоволување на здравствените потреби на населението од тој дел на државата, истакна Филипче.

Директорката на Општа болница Охрид, д-р Славица Малеска-Стојадиновиќ потенцираше дека ова е вредна донација, која за пациентите ќе значи брз и сигурен превоз до соодветното одделение или центар, а притоа уште во самото возило да биде дадена соодветната помош.

„Сакам да изразам благодарност до донаторите во име на ЈЗУ Општа  болница Охрид која заради тешката финансиска состојба не може да си дозволи ваква набавка. Овој чин е од големо значење за Охрид како туристички центар, но и како регионален центар во областа на здравството“, рече директорката Малеска-Стојадиновиќ.

Во 2018 година во Општата болница Охрид се реализирани 45 нови вработувања.

Министерот Филипче ги посети и пациентите кои се лекуваат во оваа болница и ги разгледа реновираните оддели.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања