Промени тема
Контакт

„Филипче и таквите како него да сфатат дека Македонија нема да прави повеќе отстапки, нема веќе “како до сега”“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, порача дека Македонија нема да отстапи од своите позиции во евроинтегративниот процес без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија.

— реклама —

На денешната прес-конференција Манасиевски, истакна дека државата веќе еднаш платила висока цена поради политиките на претходната власт, потсетувајќи на промената на уставното име со очекување дека тоа ќе го отвори патот кон членство во ЕУ.

— реклама —

Според Манасиевски, наместо напредок кон Унијата, Македонија се соочила со нови условувања и блокади, поради што, како што рече, повеќе нема да има отстапки без конкретни гаранции за заштита на националните интереси и за реален напредок во пристапниот процес.

Тој упати критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, наведувајќи дека наместо да зборува за уставни измени, треба да побара конкретни чекори од официјална Софија, особено во однос на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

— реклама —

„Без гаранции од ЕУ нема уставни измени. Без исполнување на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија нема промена на македонската позиција“, порача Манасиевски.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Македонија ќе остане посветена на европскиот пат, но, како што велат, без прифаќање на уцени и под услов да бидат заштитени државните и националните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79f8icgqnkvieOr0EiA

Манасиевски: Љупчо Николовски изготвил вешт наод за нанесена душевна болка кај доктор кој повеќекратно бил донатор во СДС

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryagtf95sg9gqv68WaZzC

Манасиевски до Николовски: „Кукавиците бегаат и се кријат. За тоа дали моите аргументи се вистинити или лажни ќе каже судот, а не ти“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi592fc405gc67APWaag

(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryktns2p23d9veeNqs2AO

(Видео) Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања