Филипче: Или ќе ги почитуваме мерките или ќе ги вратиме рестрикциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Merki

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче:

— реклама —

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа - вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување.

Ние не можеме вечно да живееме во карантин. Тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество. Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои.

— реклама —

Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем. Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена, напиша на својот ФБ профил министерот Венко Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2400712343569118/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања