Промени тема
Контакт

Филипче им ја честита 13 Ноемвриската награда на годинешните добитиници од областа на здравствената заштита, на д-р Жарко Караџовски и на тимот кој ја направи првата трансплантција на срце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче им ја честита 13 Ноемвриската награда на Град Скопје на годинешните добитиници од областа на здравствената заштита и тоа на епидемиологот д-р Жарко Караџовски, како и на тимот кој ја направи првата трансплантција на срце во земјава на 23 мај годинава.

— реклама —

Во тимот кој го трансплантираше првото срце учествуваа: доц. д-р Маја Мојсова, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, Адријана Георгиев, проф. Кочо Димитровски, проф. Сашко Јовев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, академик Жан Митрев, д-р Александар Николиќ, д-р Менка Лазаревска, д-р Тања Анѓушева, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Ќјутмил Џемили, д-р Никола Христов, д-р Стафанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Димче Славевски и д-р Марија Гераковска.

— реклама —

Освен честитките кон лекарите кои учествуваа во трансплантацијата, уште еднаш упатуваме благодарност и до семејствата на донорите, чија несебична одлука спаси не еден туку повеќе животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања