Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Инфлацијата забрзува, Македонија поскапа од Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

Претстедателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната пре-конференција посочии дека во првата година од владеењето на актуелната влада, инфлацијата забрзала и достигнала 4,9% во март 2026 година, што е значително повисоко од просекот во еврозоната од околу 3% во април.

— реклама —

Тој оцени дека во земјата се случува влошување на животниот стандард и раст на сиромаштијата, при што граѓаните, како што рече, „сè повеќе тонат во економска несигурност“.

— реклама —

Според него, економските индикатори покажуваат сериозни проблеми, а стапката на сиромаштија изнесува 21,9%, што значи дека секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија.

Филипче додаде дека се забележува и значителен раст на јавниот долг. Според податоци што ги посочи од Министерството за финансии, јавниот долг во текот на последниот квартал се зголемил за околу 700 милиони евра, а вкупно достигнал 10,7 милијарди евра до крајот на март.

— реклама —

Тој истакна дека во период од две години, нето-зголемувањето на долгот изнесува 2,3 милијарди евра, што, како што рече, претставува зголемување од околу 26% од почетокот на мандатот.

— реклама —

Филипче предупреди дека ваквите трендови ја водат државата во сериозна економска нестабилност и побара одговорност од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања