Владата денеска треба да одлучи дали во земјава ќе се одложат сите масовни собири. Оваа превентивна мерка ја предложи министерот за здравство Венко Филипче . Тој на денешната пред конференција истакна дека пациентката кај која е присутен коронавирусот е во стабилна состојба, сместена е во делот за изолација и влегува во фазата опоравување.
„Добро оди и домашната изолација на лицата кои биле во контакт со неа и оние со кои тие биле во контакт. Во текот на утрото имаме еден патник кој дошол од Италија кој има над 37 степени температура. Има земен материјал кој во текот на денот ќе ги добие резултатите. Има двајца бугарски државјани кои се на работа кои дале информација дека биле во регионот на северна Италија. Не дале податок дека биле во контакт со други лица, но им биле дадени препораки да седат дома. На светско и европско ниво се јавуваат за првпат во нови земји. Нигерија, Естонија, Данска, Литванија. Во Европа се заболени 774 лица од кои 650 се во Италија“, рече Филипче.
фото: Архива