Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, спремни сме да ги искористиме сите демократски методи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Пратеничката група на СДСМ ќе ја напушти работата во работната група за Изборниот закон, но ќе продолжи да дејствува со сите демократски механизми, изјави лидерот на партијата, Венко Филипче на денешната прес конференција.

— реклама —

Тој на прес конференцијата појасни дека одлуката се однесува исклучиво на учеството во оваа работна група и е поврзана со, како што рече, начинот на кој се носи новиот Закон за влада. Според него, укинувањето на техничката влада во овој момент би значело нарушување на демократските процеси, бидејќи, како што истакна, не се исполнети условите за таков чекор.

— реклама —

Филипче на прес конференцијата потсети дека техничката влада е воспоставена со политички консензус во 2016 година и повторно активирана во 2018 година, со јасна одредба дека ќе функционира до влезот на државата во Европската Унија. Тој нагласи дека овој модел, според СДСМ, претставува клучен механизам за обезбедување фер и демократски избори.

— реклама —

Во таа насока, најави дека партијата ќе ги искористи сите демократски средства за да се спротивстави на предложените измени.

— реклама —

Во изјавата, Филипче упати и критики кон Владата, оценувајќи дека начинот на владеење потсетува на претходни периоди, со, како што рече, засилена контрола и политизација на институциите, правосудството, медиумите и економијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања