Промени тема
Контакт

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-libraryl0sghj84ckad2GSR8dF

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.


— реклама —

„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.


— реклама —

Притоа тој истакна дека нејзината програма не е само политички документ туку план за чист град и достоинствени граѓани правен на база на анализа од тим  на есперти кои се залагаат за вистинска грижа за градот.


„Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за град. И Каја не е сама,  со неа се искучителни кандидати за Советот на град Скопје, експерти, активисти, луѓе што знаат, можат и умеат. Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, рече Филипче на промоција на исборната програма.

— реклама —


На крајот, тој испрати апел до граѓаните на 19 октомври да излезат и гласаат и да не дозволат некој друг да одлучи за судбината на градот.

— реклама —


„Гласот за Каја Шукова е глас за модерно, чисто и функционално Скопје“, заврши тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре – ребалансот е признание дека нема пари

Свет | пред 5 часа

media-libraryom4l82tja6890jIfUrI

СДСМ: Мицкоски донесе сиромаштија, изолација и празни фрижидери – милиони има за Гета, но не и за граѓаните

Македонија | пред 6 часа

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

„И што сега, Мицкоски?“: СДСМ прашува зошто премиерот е незадоволен од пораките на Фон дер Лајен

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања