Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6cp91qd83hkqboYNTeJ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оддаде почит на загинатите бранители кај Карпалак, по повод 25-годишнината од нивната смрт, порачувајќи дека нивната жртва не смее да биде заборавена и дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби.

— реклама —

Во објава по повод годишнината, Филипче истакна дека на 8 август се оддава почит на младите луѓе кои ги положиле своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината.

— реклама —

„Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак. Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска“, порача Филипче.

Тој додаде дека Карпалак не смее да остане само датум во календарот, туку траен потсетник за значењето на мирот и заедништвото.

— реклама —

„Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот. Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби. Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства“, наведува претседателот на СДСМ.

— реклама —

На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, во напад врз армиски конвој загинаа десет припадници на Армијата на Република Македонија, настан кој останува еден од најтрагичните моменти од конфликтот во 2001 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања