Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ќе се формира работно тело кое ќе раководи со партијата до следниот Конгрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4846

Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата до следниот Конгрес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во синоќешната емисија „Топ Тема“ на Телма.

— реклама —

-Мандатот на делегатите на Конгресот полека истекува на почеток на есента. Прво што ќе биде направено е едно работно тело во централата, во партијата во Скопје, кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата. Првата задача ќе биде да се постават нови в.д. претседатели на Општинските организации насекаде во државата. Тие општински претседатели ќе треба да формираат свои Извршни одбори исто така како вршители на должноста. Овие општински раководства во првата фаза ќе треба да направат општински конференции во коишто ќе се изберат нови делегати за нов состав на Конгресот, со оглед на тоа што мандатот на сегашните истекува, и нови предлози за членови во Централниот одбор, рече Филипче.

— реклама —
— реклама —

Претседателот на СДСМ најави дека во месец октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури на партијата и ќе се спроведат статутарни измени.

— реклама —

-Во текот на есента, очекувам тоа да биде во месец октомври, ќе се конституира и ќе се состане новиот Конгрес со нови делегати којшто ќе ги избере новите членови на Централниот одбор. Од тој Централен одбор понатаму ќе се изберат новите раководни структури во партијата, како новиот Извршен одбор, новите потпретседатели. И, на истиот тој состанок на Конгресот ќе се спроведат статутарните измени за имплементација на Програмата којашто јас ја предлагам, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Топ Тема“ на Телма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања