Промени тема
Контакт

Филипче: Ќе се разочараат оние кои сакаат да ја видат СДСМ на колена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4831

Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори.

„Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ќе се разочараат“, потенцираше Филипче.

Тој вети дека ќе ја води партијата преку принципите од кои тој се води и во животот – заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со сите.

„Како претседател ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата. Ветувам дека силно ќе се спротивставам на оние кои сакаат да ја ослабнат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го заштитам и слушнам секој член и на секому ќе му дадам глас. Ветувам дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за предизвиците кои следат“, рече Филипче.

— реклама —

Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ ќе дејствува како силна опозиција којашто ќе се бори против лошите политики на власта и секогаш ќе биде гласот на разумот и на граѓанската волја која ќе биде заштитена доколку е погазена.

— реклама —

„СДСМ секогаш ја одбирала страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат. Мора да се бориме граѓаните тоа да го препознаат во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ“, рече Филипче.

Зборувајќи за победата и неговиот избор за претседател на СДСМ, Филипче истакна дека тоа претставува огромна одговорност за него на која ќе одговори со професионализам, емпатија и грижата за луѓето кои се негови основни принципи и принципи по кои ќе функционира и партијата под негово раководство.

— реклама —

„Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Малку имаме за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно. Но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите освен да направиме вистински темелни промени“, рече Филипче и додаде дека тоа единствено може да биде постигнато преку вистински и истрајни промени што ќе ја вратат довербата во СДСМ и што ќе и овозможат на партијата повторно да биде мотор на општествениот напредок.

Филипче се заблагодари за довербата од членството и упати честитки и до своите сопартијци противкандидати и до изборната комисија за спроведени демократски избори и конкурентната борба. СДСМ демонстрираше дека има демократски капацитет, кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме!

Македонија | пред 1 час

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

(Видео) Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

Македонија | пред 7 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Филипче: Мицкоски и Владата имаат суров и нечовечен однос кон лозарите

Македонија | пред 2 дена

media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања