Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Кој гарантира дека „техничката вода“ во Гостивар е безбедна?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека институциите задоцниле со реакцијата по загадувањето на водата во Гостивар и побара одговори за безбедноста на таканаречената техничка вода.

На денешен брифинг, Филипче изјави дека препораките на Министерството за здравство за рано откривање на симптомите на жолтица доаѓаат предоцна, кога, според него, епидемијата веќе земала сериозен замав.

— реклама —

„Водата во Гостивар е показател дека сите реакции задоцнија. Дури денес Министерството за здравство носи препораки за рано откривање на симптомите на жолтица, кога епидемијата веќе има силен замав“, рече Филипче.

— реклама —

Тој посебно ја доведе во прашање препораката за користење техничка вода, поставувајќи прашања за нејзиното потекло, начинот на дистрибуција и контролата на нејзиниот квалитет.

„Кој ја контролира техничката вода? Од каде доаѓа? Како се користи во угостителските објекти и кој гарантира дека е безбедна?“, праша Филипче.

— реклама —

Според него, јавноста добива контрадикторни информации од институциите, поради што, како што рече, граѓаните не знаат кому да му веруваат.

— реклама —

Филипче се осврна и на состојбата со водоснабдувањето во Скопје, наведувајќи дека јавноста треба да биде информирана дали се проверени бунарите што го дополнуваат изворот Рашче, по појавата на загадување во реките Лепенец и Вардар.

Тој оцени дека целиот случај претставува пример за „максимално несериозна импровизација и задоцнета реакција“ од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања