Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Венко Филипче денеска ја критикуваше Владата и премиерот Христијан Мицкоски за бавната имплементација на економските мерки кои би ја олесниле финансиската состојба на граѓаните. Според него, мерките кои неговиот тим ги предложил порано, допрва ќе се разгледуваат, а граѓаните веќе ја почувствувале ценовната спирала предизвикана од растот на цените на горивата и основните продукти.

— реклама —

Филипче истакна дека од 27 февруари цените на нафтата Brent Crude и WTI се зголемиле за 50,72% и 63,67%, додека дизелот во земјата поскапел за 34,5%, од 71 на 95,5 денари. Тој предупреди на драстичен пораст на цените на храната: бел леб од 34 на 47,5 денари, зејтин од 77,5 на 110, јајца од 220 на 290, брашно од 40 на 52,5, млеко од 67,5 на 82,5 денари, домати од 130 на 235 денари и домашни јаболка од 45 на 70 денари.

— реклама —
— реклама —

Тој оцени дека минималното зголемување на платата од 1.667 денари не е доволно за да го ублажи ударот врз потрошувачката кошничка, која изнесува околу 68.000 денари. Исто така предупреди дека кризата ќе продолжи, со раст на цените на храната и можен недостаток на горива, повикувајќи ја Владата итно да ги прифати предложените мерки, како намалување на ДДВ-то за храна и гориво, преполовување на патарините и зголемување на државните резерви на нафта.

— реклама —

Филипче оцени дека сегашното владеење е дилетантско и дека Владата треба да се посвети на реалните потреби на граѓаните, наместо на партиски тендери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 16 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

(Видео) „Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?“, вели Филипче

Македонија | пред 31 минута

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања