Промени тема
Контакт

Филипче: Мицкоски ги навредува граѓаните и создава поделби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски наместо да работи во интерес на граѓаните, поттикнува поделби, конфликти и користи навредлива реторика кон оние што размислуваат поинаку.

„Наместо реформи, гледаме создавање меѓунационални тензии и навреди кон граѓаните. Со таков пристап се продлабочуваат поделбите во општеството“, рече Филипче, посочувајќи дека ваквата реторика не придонесува за напредок на државата.

Тој додаде дека, според него, Владата ја оттурнува земјата од европскиот пат и ја става во застој во однос на регионот, повикувајќи се и на оценките на Томас Вајц.

— реклама —

„Критиките од европските претставници го потврдуваат она што граѓаните го чувствуваат – дека нема доволна посветеност на реформите и европската интеграција“, истакна Филипче.

Во обраќањето, тој нагласи дека последиците од ваквите политики се чувствуваат и економски, преку пропуштени можности за користење европски фондови.

— реклама —

„Граѓаните ја плаќаат цената – се губат средства за инфраструктура, образование, здравство и земјоделство. Тоа значи помалку развој и помалку можности за подобар животен стандард“, рече Филипче.

— реклама —

Тој потенцираше дека европската перспектива останува клучна за развојот на државата.

„Европската интеграција не е само политичка цел, туку предуслов за економски напредок, подобри јавни услуги и стабилност во општеството“, додаде Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

(Видео) Филипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да расте

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

(Видео) Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?

Македонија | пред 1 ден

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

(Видео) Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица

Македонија | пред 1 ден

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања