Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Мицкоски повеќе не може да ги лаже граѓаните, свесно го блoкираше европскиот пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски повеќе не може да ги доведува во заблуда ниту граѓаните, ниту европските партнери, оценувајќи дека свесно се блокира европскиот пат на државата.

— реклама —

Според него, Владата не спроведува клучни реформи и со тоа директно ја загрозува европската перспектива на земјата.

„Наместо да работи на реформи, оваа власт се занимава со создавање конфликти со соседите, анти-европска пропаганда и туркање на државата во изолација. Во исто време, дел од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и блиски соработници на премиерот, поседуваат бугарски пасоши. Тоа е нивниот лажен патриотизам“, рече Филипче.

— реклама —

Тој се осврна и на критиките од европратеникот и известувач за земјата, Томас Вајц, посочувајќи дека тие јасно укажуваат на застој во реформите.

— реклама —

„Вајц недвосмислено ја критикува Владата поради недостаток на напредок во евроинтеграциите. Наместо да се прифатат овие пораки и да се работи на подобрување, премиерот продолжува со негирање“, додаде тој.

Филипче оцени дека ваквиот пристап покажува отстапување од европскиот курс и дека, според него, се фаворизира партиска контрола врз институциите.

— реклама —

„Оваа власт не сака европска интеграција, туку сака контрола врз институциите, медиумите и правосудството, како и користење на државните ресурси за партиски цели“, истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања