Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Мицкоски стави вето на пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека Македонија стагнира на европскиот пат поради, како што рече, погрешните политики на владата, наведувајќи дека земјата е оставена без напредок во процесот на евроинтеграции.

— реклама —

Филипче посочи дека земјите од регионот веќе прават чекори напред кон Европската Унија, додека Македонија, според него, останува заглавена.

„Каде сме ние? Заглавени во лагите на премиерот, во неговите анти-европски политики…“, рече Филипче, додавајќи дека се создава лажна слика за напредок.

— реклама —

Тој истакна дека, како што наведе, не се спроведуваат потребните реформи за почеток на преговорите со ЕУ и дека за тоа, според него, одговорноста ја носи премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Човекот кој што сега стави вето на пристапниот процес на Македонија во Европа, има име и презиме, се вика Христијан Мицкоски“, изјави Филипче.

Во своето обраќање, тој порача дека граѓаните не заслужуваат државата да биде изолирана, додека другите земји од регионот напредуваат кон членство во ЕУ.

— реклама —

„Регионот оди напред, нас повеќе никој не нè спомнува“, рече Филипче, додавајќи дека, според него, Македонија е изоставена од европските процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања