Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Младите се иселуваат, не гледаат перспектива со Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека младите сè почесто ја напуштаат државата бидејќи не гледаат перспектива во актуелните политики на Владата, оценувајќи дека земјата стагнира во однос на евроинтеграциите.

— реклама —

Според него, додека државите од регионот напредуваат кон членство во Европската Унија, Македонија останува во застој.

„Додека регионот се движи напред кон ЕУ, ние стоиме во место. Црна Гора веќе е во напредна фаза од пристапниот процес, а веднаш зад неа е и Албанија. Прашањето е кој ја плаќа цената – тоа се граѓаните и државата“, рече Филипче.

— реклама —

Тој оцени дека Владата не се фокусира на реформите, туку на, како што наведе, создавање тензии и поделби во општеството.

— реклама —

„Наместо конкретни резултати, сведоци сме на реторика што создава конфликти и продлабочува поделби. Со такви политики не се гради иднина“, истакна Филипче.

Во обраќањето, тој додаде дека СДСМ останува посветен на европската интеграција и дека нема да дозволи, како што рече, отстапување од тој курс.

— реклама —

„Нашата определба е јасна – европски пат, реформи и институционален развој. Граѓаните заслужуваат перспектива и стабилност“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања