„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: На Институтот за трансфузиона медицина пуштен во употреба нов апарат за донирање на конвалесцентна плазма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19052020_Filipche_press

Институтот за трансфузиона медицина, денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат, институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма.

— реклама —

„Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирусот. Со клеточниот сепаратор, значително ги зајакнуваме капацитетите на нашиот Институт“, истакна директорот на Инстутот за трансфузиона медицина, Седула Усеини.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, излекувани се пет пациенти со крвна плазма.

— реклама —

„Задоволен сум што целиот труд, мерки, грижа на здравјето на пациентите даваат резултати. Сите јавно-здравствени установи се на ниво на задачата. Покажавме стручност, спремност и мобилизираност за заштита од оваа непозната болест.  Поради сето ова, не го оптеретивме нашиот здравствен систем. Имаме поголем број на излекувани пациенти, отколку на заразени. Да продолжиме да ги применуваме препораките. Голема благодарност до сите оздравени пациенти кои донираа крвна плазма. Упатувам апел до сите што можат да донираат да го сторат тоа. Да спасиме човечки живот и да ја надминеме оваа здравствена криза. Пациентите можат во секое време да го контактираат институтот за начинот на донирање“, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања