Филипче: На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест кој за 40 минути ќе покаже дали пациентот има ковид-19 или друг вирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-test

— реклама —
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска на новинарско прашање истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.

— реклама —
„Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци“, потенцираше министерот Филипче.

Денеска, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања