Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите им посака успешна година и богат род, но оцени дека земјоделците нема да добијат соодветна поддршка од Владата во текот на оваа сезона.

— реклама —

Според Филипче, намалувањето на средствата за субвенции е директен удар врз земјоделскиот сектор. Тој посочи дека по суспензијата на ИПАРД програмата, Владата ја намалила и националната Програма за субвенции во земјоделството од 140 на 100 милиони евра, што, како што рече, претставува намалување за една третина и значи помалку средства за лозарството, сточарството, поледелството и овоштарството.

Филипче предупреди и на измените во правилникот со кои се зголемува минималниот праг на обработлива површина за добивање субвенции од 0,2 на 0,5 хектари. Според него, тоа ќе ги исклучи малите производители со два или три декари земја, кои повеќе нема да можат да аплицираат за државна поддршка.

— реклама —

Тој ја критикуваше и откупната политика за грозјето, наведувајќи дека цената е намалена за неколку денари по килограм, а предложениот закон за зголемување на откупната цена не бил прифатен во Собранието.

— реклама —

Дополнително, според Филипче, средните винарии имаат обврска да продадат 30 проценти од грозјето на една или две најголеми винарии за да можат да ги добијат средствата од субвенциите, што, како што рече, оди во прилог на крупните компании, а на штета на лозарите и помалите производители.

Тој посочи дека слична состојба има и кај тутунарите, каде субвенцијата за прва класа тутун е намалена од 100 на 80 денари. Потсети дека во време на Владата предводена од СДСМ субвенцијата достигнала 100 денари со целосно субвенционирана зелена нафта, додека сегашната власт, како што рече, ветувала 160 денари.

— реклама —

„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните и за државата, особено не за земјоделскиот сектор“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања