Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Филипче: Набавуваме 70 нови возила за итната медицинска помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_6207

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, денеска на трибината Агенда здравство 20-24 ги соопшти главните постулати на кои ќе се темели програмата на СДСМ за развој на здравствениот систем во период 2020 - 2024 година.

— реклама —

Меѓу нив е и почеток на изградба на новиот клинички центар во Ѓорче Петров со целосно нова модерна зграда,  интегриран тип на здравствени услуги како што заслужуваат граѓаните, рече Филипче и најави до крајот на мандатот сите болници и здравствени домови да станат енергетски ефикасни.

— реклама —

"Ќе ги реновираме најстарите одделенија во болниците. Во 2020 година набавка на 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот, воспоставување на патронажна служба во сите региони низ државата, зајакнување на капацитетите на јавното здравство преку функционлно поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Секоја година зголемување до 10 % на платите на здравствените работници."

Филипче најави платен работен стаж за секој нов млад лекар и додаде дека ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено стамбеното прашање, да им се додели субвенција од 12 000 денари месечно.

На трибината министерот за здравство, најави и стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, како и формирање на центар за медицински истражувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања