„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Филипче: Набавуваме иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови метастазиран меланом, хематолошки болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, заменикот министер за здравство Асим Муса и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа за подготовките на централната набавка на биолошки лекови (односно оригинатори и иновативни) лекови кои се речиси на крајот.

— реклама —

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека почетокот на новата година ќе ја почнеме со нови инвестиции во јавното здравство, покачувања на платите и дежурствата, специјализантите за првпат се платени за својот труд. Годината вработени се 3200 здравствени работници во јавното здравство, ставен еа акцент и на нова иновативна терапија.

„Министерство за здравство ќе спроведе централизирана набавка, за биолошки лекови кои досега ги набавувале Клиниките за Онкологија и Радиотерапија, Хематологија, Ревматологија, Неврологија, од условените буџети, а станува збор за лекови кои претежно не се на позитивна листа, а токму тие се најмногу потребни за онколошките, хематолошки, невролошки и ревматолошките пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести. Тие генерираат најголеми дир и индир тросоци за насиот систем“, изјави министерот Венко Филипче.

— реклама —

„Набавуваме иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис, исто како и во останатите земји од светот. Овие и многу други иновативни лекови ќе опфатат и голем број на пациенти, затоа што долги години немало влез на иновативна терапија во земјава“, потенцираше министерот Филипче.

Централизираната набавка ќе овозможи оптимално искористување на средствата.

Целта на оваа набавка е да се создаде заштеда, односно да се постигне подобра цена, а да се добијат најквалитетните лекови за пациентите. Со централната набавка ќе имаме редовна испорака на терапија, но и пристап до нова и иновативна терапија. Централната набавка ќе биде целосно транспарентна. Целиот процес ќе биде отворен за јавноста преку електронскиот систем за јавни набавки.

Со набавката ќе се овозможи за првпат широка достапност на иновативна терапија според европските стандардни протоколи за третман, и тоа 40 молекули кои во моментот не се позитивната листа на лекови. Проектираната заштеда само на годишно ниво ќе биде над 5 милиона евра.

На заедничката прес-конференција, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, информираше дека во 2019 година осигурениците на ФЗО ќе добијат рекорден буџет од триесет милијарди и седумстотини деведесет и два милиона денари односно над 500 милиони евра.

„Новото зголемување за 2019 година е за над 2 милијарди и двеста милиона денара споредено со почетниот буџет за 2018та година. Покачувањето на здравствениот буџет е резултат на големиот приоритет што Валадата на Република Македонија го дава на здравството. Затоа се зголемени трансферите од централниот буџет. Зголемени се и приливите од придонесите како резулат на зголемената економска активност во Македонија“, потенцираше директорот Дончев

Исто така, рекорден износ од 16,5 милијарди денари Фондот одвои за Јавните здравствени установи. Овој износ е за една милијарда и петстотини милиони денари поголем, споредено со почетниот буџет за 2018та година за Јавните здравствени установи.

„На моите колеги и на сите здравствени работници им ја честитам новата година и најавувам дека од јануари 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар“, изјави министерот Филипче.

Министерството за здравство е во постојана комуникација со здруженијата на пациенти, стручните здруженија, граѓанскиот сектор, како и синдикатите, а идната година ја продолжуваме интензивната соработка. Задоволен здравствен работник значи успешно здравство. Правиме сѐ што е во интерес на граѓаните и пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања