Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Сител истакна дека надминати се проблемите со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.
-Ние тоа го направивме со цел да ја забрзаме постапката. Отпосле не информираа дека се потребни на нивно барање, некои дополнителни документи и за наша сигурност се врати уплатата. Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш, истакна Филипче.