Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче најави дека до крајот на годинава ќе бидат поставени две до три монтажни болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
14-11-20_DSF0685-

Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.  Министерот потенцира дека лекарите од сите интерни клиники се целосно мобилизирани и посветени на работата со пациенти со ковид-19 – еден дел вршат вообичаена работа за нивните интернистички одделенија, а други се приклучени за работа и третман на КОВИД-пациенти на нивните одделенија.

— реклама —

Министерот соопшти дека до крајот на годинава очекува да бидат поставени две до три монтажни болници, но поради блокадата од опозицијата, како што рече, можно е тие да не стигнат според првичниот план – да се постават 16 ковид-центри во близина на болниците.

— реклама —
— реклама —

– Но ние направивме резервен план и токму тој сега и се активира. Тоа се овие дополнителни капацитети на Интерните клиники и целосно спремните дополнителни капацитети во болницата „8 Сеептември“. Имаме план, се менаџира и со кадарот, и со останатите одделенија од каде што еден дел од програмот се намалува. Тоа е веќе во функција, а искрено се надевам дека и мерките ќе дадат резултат, согласно циклусот од три до четири недели од пренос на вирусот, детекција, евентуален развој на болеста кај носителите на вирусот. Овој период што доаѓа од некаде две недели, сепак, би тебало да даде некаков резултат во смисла на намалување на новодијагностицирани пациенти – изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања