Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Филипче: Најголемите предавници се Мицкоски и неговата криминална банда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library77mfp7ni94qf7Vp6Dcn

„Најголемите предавници се Христијан Мицкоски и неговата криминална банда.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

„Она на што игра ВМРО е приказна на предавници и странски платеници. Иста реторика од деведесеттите години во минатиот век, која донесе единствено до конфликт и изолација. Е, тоа е тоа што тие го сакаат. Народот да гладува, а тие да носат часовници од 60 илјади евра, да купуваат нов авион додека некој нема за леб. Банда обична. Собир на криминалци кои ве лажат“, обвини Филипче.


Филипче посочи дека европската интеграција претставува клучен државен интерес.

— реклама —


„Европа е нашиот национален интерес. Македонија треба да биде во Европа. Македонија и Европа се нашиот идентитет. Анти-европската кампања, евроскептицизмот, тоа се задачите на овој медиумски октопод од Будимпешта преку Белград до Скопје. Пласирање на лаги, збунување на гласачите, правење сателитски партии, некакви платформи, поделба на опозицијата“, потенцираше претседателот на СДСМ.

— реклама —


Филипче се осврна на медиумското влијание и пропагандата во јавниот простор.

— реклама —


„Драган Павловиќ-Латас, главен уредник на сето тоа што се пласира. Човек кои со години наназад работи за странски служби, кој учествуваше во палење на Американската амбасада, тука во Скопје заедно со УДБА. Тој е првиот соработник на Христијан Мицкоски. И тие живеат во луксуз, додека неговото семејство има бугарски пасоши. Тие двајца продаваат патриотизам на граѓаните. Тие обвинуваат некој за предавство“, обвини Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар - утре. Кој да му верува?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 6 часа

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија“, вели СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

СДСМ: Толку правдања и префрлувања, а “црвеното светло” на Мицкоски и Клековски сè уште не работи

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања