Филипче: Наскоро ќе се презентира нов план за дополнителни рестрикции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
04052020_MZ_Filipche_press-1

Планот за дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број на пациенти или се потенцијален ризик наскоро ќе биде промовиран, кажа министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот „МКД“. Тој додаде и дека здравствениот систем се подготвува за сценарија со повеќе пациенти наесен, но се надева оти луѓето ќе се придржуваат до превентивните мерки.

— реклама —

Според Филипче, меѓу можните мерки би можеле да бидат враќањето на полицискиот час, затворањето на училиштата и угостителските објекти, како и забраната за собири, со што од голема важност во планот за рестрикции би бил регионалниот пристап.

Филипче се осврна и на организирањето на наставата во претстојната учебна година. Тој смета дека децата до трето одделение треба да одат во училиште, додека другите би можеле да следат онлјан-настава, според предлогот на Комисијата за заразни болести. Но, додава дека треба да постои и онлајн модел, доколку има родители што не се согласуваат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања