Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Филипче: Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce

Засега нема потреба да ги повикаме пензионираните лекари да им помогнат на медицинските работници кои сo месеци се ангажирани во борбата со коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Проблемот со кадар е присутен на територијата на цела држава. И сите болници дури и во Скопје го имаат проблемот во сите клиники. Има само 50-тина инфектолози. Затоа дојдоа на помош од другите градови интернисти и пулмолози кои дојдоа и помагаат на своите колеги на скопските клиники, рече Филипче.

— реклама —

Министерот истакна дека во овој момент нема невработен или неангажиран лекар.

— реклама —

-Сите млади лекари лиценцирани веќе се вклучени и помагаат во некоја област. Ние направивме состанок со приватните лекари 55 лекари приватни интернисти, десетина веќе се пријавени и се ставија во функција. Во таа смисла нема потреба од пензионираните лекари. Некои ги враќаат на работа лекарите кои се дијагностицирани со Ковид-19, а се асимптоматски. Кај нас сè уште нема потреба од нивно ангажирање, ниту од пензионираните лекари – рече Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања