Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Филипче: Нема отстапување од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во однос на вакцинацијата имаме одлични резултати, како никогаш досега. Над 99 отсто е опфатот со вакцинација во Град Скопје, а над 95 отсто на територија на целата држава. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Поликлиниката Чаир.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека од изминатата недела има вкупно пет деца заболени од морбили, сите се невакцинирани. Четири од децата се од Скопје, а едно од Куманово.

— реклама —

Министерот за здравство вели дека нема ретерирање и остануваат на ставот невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка.

— реклама —

По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки, но и  засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а после тоа и казни за тие што не ја почитуваат одлуката.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања