Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryfdb9bd4kkmp8fmHDNTc

На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата, Наум Манасиевски обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче не може да се претставува како заштитник на јавното здравје, тврдејќи дека во периодот кога раководел со Министерството за здравство институциите доставувале извештаи за неисправна вода, без јавноста да биде навремено информирана.

— реклама —

Манасиевски изјави дека до Министерството за здравство пристигнувале анализи кои покажувале небезбедна вода во повеќе општини, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и на одредени локации во Скопје.

— реклама —

Според него, во дел од анализите било утврдено присуство на бактеријата Ешерихија коли и зголемен број колиформни бактерии, а јавноста, како што тврди, не била известена за овие наоди.

Манасиевски рече дека располагаат со документи од центрите за јавно здравје од 2018, 2019 и 2021 година, за кои тврди дека биле доставени до Министерството за здравство во периодот кога Филипче бил министер.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Филипче да одговори зошто, според нив, не постапувал по извештаите за неисправна вода и повикаа надлежните институции да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и евентуална одговорност.

Партијата оцени дека граѓаните заслужуваат целосно да бидат информирани за сите околности поврзани со безбедноста на водата за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 дена

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања