Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Филипче: Од утре или од вторник казни за нeносење маска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче ќе побара од Владата да наложи казнувањето на граѓаните кои не носат заштитна опрема како што е наложено, да почне веднаш, односно од утре или најдоцна во вторник.  На денешната прес конференцијаат  тој истакна дека увидел дека многу граѓани не ја почитуваат оваа препорака.

— реклама —

— реклама —

„Некои носат маска под брадата или во рака. Министерството за здравство поради ова достави предлог санкционирањето за неносење да почне утре или во вторник. Оваа мерка мора да се почитува. Заштитната опрема треба да се носи во затворени простории и на отворено доколку не може да се одржи безбедната дистанца од два метри“, рече министерот Филипче.

— реклама —

Тој очекува оваа мерка доколку се почитува, да даде ист резултат како и останатите мерки и да се спречи раст на заболени кој од почетокот на кризата се држи под контрола.

Казната за неносење маска изнесува 20 евра, а сите фирми се задолжени да обезбедат заштитна опрема за вработените и за гостите. Казната за фирмите што нема да обезбедат заштита е 2.000 евра.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања