Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за дизелот е нов удар врз граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за дизелот на 18% е нов удар врз граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта од почетокот на кризата на Блискиот Исток не презема никакви директни мерки, што сега скапо ги чини граѓаните.

— реклама —

„Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните, уште пред скоро два месеци кога започна кризата на Блискиот Исток. Премиерот и владата не презедоа буквално ништо. Дури сега и се укинува таа парцијална мерка којашто ја донесоа, повторно ДДВ-то е вратено на 18% за дизелот“, рече Филипче.

— реклама —

— реклама —

Тој додаде дека граѓаните се со соочени со ценовни шокови и ниски плати со кои едвај се преживува. Филипче потсети дека СДСМ уште на почетокот на кризата предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но власта ги одби.

— реклама —

„Уште на самиот почеток на кризата предложивме пакет на мерки. Намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните прехранбени продукти ДДВ-то да се намали на 0%. Да се намалат акцизите за 4 денари. На тој начин горивата реално ќе поефтинеа и преполување на цената за патарините. Со сите тие мерки ако се воведоа така во пакет, граѓаните навистина ќе имаа бенефит. ќе се почувствуваше на семејниот буџет, затоа што горивата немаше да пораснат. За жал, премиерот и неговата тендер коалиција сите наши предлог закони ги одбија“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања