Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека новодијагностицираните случаи во Ресен потекнуваат од семејни настани на кои не се почитувале превентивните мерки. Луѓето не носеле маски, ниту пак го почитувале правилото за неопходната дистанца, што впрочем е случај на територијата на целата држава. Овој бран се должи на непочитување на мерките.„Општина Ресен брзо изреагира. Во соработка и заедничка согласност со неколку компании погоните се затворија во период од десет дена до две недели со што значајно се намалува бројот на контактите и интензитетот на тие контакти коишто можат да донесат до поголем број заболени. Имајќи ја предвид еволуцијата, овој број не е неочекуван, но е значајно помал од она што можеше да се случи доколку немаше затворање на погоните“- одговори Филипче и додаде дека точно се знаат контактите и тие се ставаат во изолација, а согласно ризикот се индицира тестирање.фото: МЗ
Филипче: Општина Ресен брзо изреагира, имајќи ја предвид еволуцијата, овој број не е неочекуван, но е значајно помал од она што можеше да се случи
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 5 години -
Македонија