Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Оризот се откупува по мизени 20 денари а производната цена е 32 ден, оризопроизводителите се на раб на егзистенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
oriz

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Жално и трагично ова што го слушам откако дојде оваа власт, никако и со ниту еден чекор не се направи нешто да им се помогне на овие луѓе, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

„Замислете, годинава, производната цена е поголема од продажната. Со растот на трошоците на ѓубривото, на водата, на работната рака, сега еден килограм ориз се произведува за некаде околу 30 денари или 32 денари, а откупната цена е околу 20 денари. Никој не го откупува оризот повеќе. Луѓето се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми.

— реклама —

Освен што им се и намалени дополнително субвенциите по декар земја за  300 денари, од 2.100 на 1.800 денари. Дополнително на тоа, каналите за вода не се исчистени.

 Вода од Калиманското езеро не е пуштена. Значи, се поставува прашањето дали некој од министерството  воопшто води сметка за секторот. Најлошиот ресор во оваа влада, овие луѓе, овие министри, како да се натпреваруваат, кој од кој ќе биде полош.

— реклама —

 Нема да има род на ориз оваа сезона. Министерот, премиерот, луѓето кои што  се заинтересирани само за својот комодитет, и ништо друго. Треба да дојдат и да ги слушнат овие луѓе. Да дадат најмалку 20 денари по килограм дополнителна субвенција, за да може да преживеат луѓето, за да може насад да има оваа сезона, а понатаму да се зборува и како да се зголеми дополнително и откупната цена.

— реклама —

 Ваква незаинтересираност, вакво дилетантско водење на влада, оваа држава не видела. Овие граѓани, овие луѓе кои ќе работат, кои живеат од земјоделството, тоа едноставно не го заслужуваат“, вели Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 3 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања