Филипче: Останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vlada-filipce

Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствените политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

— реклама —

Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде што пациентите се на прво место.

„Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!“, напиша на Фејсбук Венко Филипче, кој и во новата влада ќе ја извршува функцијата министер за здравство.

— реклама —

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2478862245754127/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања