Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Пациентката која е единствената жена во Македонија која боледува од ретка болест на кожата утре ќе биде хоспитализирана на Клиниката за дерматологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Maja2

Пациентката Маја од Прилеп која боледува од пемфигуз вегатанс во текот на утрешниот ден ќе биде хоспитализирана на Клиниката за дерматологија. Како и досега пациентката ќе биде водена по европските протоколи кои се следат редовно во оваа установа, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

 

— реклама —

Инаку Маја Дамевска од Прилеп е единствената жена во Македонија која што има дијагноза пемфигус вегетанс, ретка болест на кожата, за која што сака да се лекува во странство. Меѓутоа, не успева да добие конзилијарно мислење од скопската Клиника за дерматологија, иако неколку болници, меѓу кои и во Турција, Австрија и Германија се согласиле да ја лекуваат. Болеста предизвикува гноење на буквално сите делови на телото, сериозно оштетување на ноктите и неподносливи болки, објави „Слободен печат“.

-Гнојам од глава до петици, ситуацијата постојано ми се влошува. Сметам дека моите шанси се единствено да одам во странство да се лекувам меѓутоа проблемот е во тоа што не ми го даваат конзилијарното мислење. Во текот на 57 дена колку што се лекував на Клиниката за дерматологија во Скопје, преживеав вистинска голгота. Додека бев таму 57 дена не ми земаа анамнеза. Нивната идеја беше да ме стават на висока доза на кортикостероиди и да му докажат на целиот свет дека ќе ме лекуваат со кортико. Не ме ставија на биолошка терапија, а тоа го барав. Секаде во светот овие пациенти се третираат со биолошка терапија. Побарајте го протоколот за лекување на ретка болест. Ќе видите дека не е така како што тие ме лекуваа. Ми дадоа антибиотици од иста група и од тоа ми се појавија алергиски реакции. Едвај ги преживеав. Ја сум една во Македонија. Ако за мене се прави вакво нешто, кажете ми за тие пациенти кои немаат медицински познавања, како ќе бидат третирани. Не барам ништо од нив, туку да ме испратат надвор од државата да се лекувам, изјави Дамевска за „Слободен печат“.

Текстот во целост на: „Слободен печат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања