„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче: Пикот го достигнавме минатата недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-1-1

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги презентираше најновите податоци за состојбата со коронавирусот и посочи дека евидентиран е порастот на смртни случаи предизвикани од коронавирус, како кај нас така и на глобално ниво.

— реклама —

Министерот истакна дека епидемијата го достигна пикот минатата недела. Според него, од тогаш бројките се намалуваат и се стабилизираат. Имено на 17 ноември е забележан најголем процент на заболени од тестирани 41,2 отсто кога има и најмногу новозаразени 1.407 и од тогаш бројките паѓаат.

– Расте бројот на оздравени. Евидентираме високи бројки на оздравени а бројот на оздравени е зголемен за 45 проценти минатата недела во однос на претходната – рече Филипче и додаде дека со тоа, здравствениот систем не е под толкав притисок.

— реклама —

– Во внатрешноста близу 1.000 легла има на располагање во трите регионални центри Битола, Тетово, Штип. Во Скопје интензивно работевме на проширување на интерните клиники и обезбедивме околу 200 кревети, истакна Филипче.

Мобилизиран е целокупниот кадар од сите одделнија, а за тимовите одговорини се пулмолози и анестезиолози. Помагаат и младите лекари кои се лиценцирани, а им заврши праксата. хх

За матичните лекари, во однос на начин и третман на пациентите, Филипче вели дека матичниот е прв кој прави проценка, индицира одредени анализи и препишува терапија. Нема специфична терапија никаде во светот. Фарипиравирот е лек за кој се водат триесет студии во светот, а ремдесивирот влијае на скратување на времето поминато во болница, не на смртноста, додава Филипче.

– Ако има потреба пациентите се упатуваат во болница. Се уште има слободни кревети. Има заштитна опрема близу 1,5 милиони парчиња. Денеска ја почнуваме набавката на брзи тестови за што пари се обезбедија со ребалансот на буџетот – рече Филипче, и додаде дека досега се обезбедени 33.000 брзи тестови.

Појасни дека координација меѓу директорите во Скопје и со останатите директори низ републиката оди добро. Признава дека се случува да дојде пациент ненајавен, да има нервоза, но тоа се надминува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања