Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб. Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството, земјоделието и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат. Тој истакна дека СДСМ во следните четри години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието, а платите во сите сектори ќе продолжат да растат.

— реклама —

„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите.

Тој истакна дека во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.

— реклама —

Филипче се осврна и на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.

„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ - истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања