„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Филипче побара ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bitola-umreni

Министерот за здравство д-р Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.

— реклама —

Претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во МЗ дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале. Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања