Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче побара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што, според него, државата ја плаќа поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура.

— реклама —

Филипче на прес-конференција изјави дека изјавите на Мицкоски за тоа дека „нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија“ отвораат прашања за тоа кои се тие отстапки и кој ќе ја плаќа цената од евентуалната изолација на државата.

— реклама —

Тој оцени дека граѓаните биле манипулирани со тврдења дека се загрозени македонскиот јазик и идентитет, посочувајќи дека, според него, и претставници на власта веќе признавале дека договорите со Грција и членството во НАТО носат придобивки за државата.

Лидерот на СДСМ порача дека цената од застојот на европскиот пат нема да ја плаќаат функционерите на власта, туку граѓаните, младите и идните генерации.

— реклама —

Во обраќањето, Филипче ја обвини власта за економски проблеми, задолжување на државата и, како што рече, создавање вештачки конфликти за да се избегне одговорност за криминал и корупција.

— реклама —

Тој нагласи дека прашањето за европската иднина на Македонија не смее да биде одлука само на власта и побара распишување референдум на кој граѓаните директно би се изјасниле за идниот правец на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања