Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките - задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете.

— реклама —

„Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, рече министерот Филипче.

При секое излегување надвор, да се придржуваме во мерките - растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори. Да не се групираме повеќе од две лица, пришто од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење на маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од 2 метра.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања