Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Поради Мицкоски македонските граѓани губат европски пари и фондови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryhparun6lss652unJ5gS

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека поради, како што оцени, блокираниот европски пат, државата губи значајни финансиски средства и фондови од Европската Унија, што директно се одразува врз развојот и животниот стандард.

„Се губат европските пари, фондовите и грантовите, како и структурните средства што во други земји донесоа подобра инфраструктура – патишта, железници, болници, училишта и градинки“, рече Филипче на прес-конференција.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, негативните последици од ваквите политики ги чувствуваат граѓаните, посочувајќи и на состојбата со програмите за поддршка на земјоделството.

— реклама —

„Се изгубија и фондовите за поддршка на земјоделството. Тоа се средства кои требаше да помогнат во развојот на овој сектор, а нивното отсуство значи дополнителен товар за земјоделците“, истакна Филипче.

Според него, застојот во евроинтеграциите ја става државата во неповолна позиција во однос на земјите од регионот.

— реклама —

„Додека соседите напредуваат кон членство во Европската Унија, ние стоиме во место. Прашањето е кој губи – губат граѓаните и државата“, рече Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека европската перспектива носи конкретни придобивки, не само во економијата, туку и во квалитетот на живот.

„Европската интеграција значи подобро образование, здравство и социјална сигурност. Тоа е предуслов за напредок и развој на општеството“, додаде Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања