Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: После 50 години целосно се реновира објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче заедно со заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани и директорот на Институтот за трансфузиона медицина д-р Садула Усеини, вчера направија увид во објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот, каде се врши целосно реновирање.

— реклама —

„После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент.“ – изјави Филипче.

— реклама —

Имено, станува збор за објект којшто е стар повеќе од 50 години, а реновирањето се извршува во рамки на планот и стратегијата за унапредување на здравствената заштита во оваа јавна-здравствена установа. Комплетно се обновува приемниот дел, направено е прилагодување и целосна реконструкција, која овозможува непречено циркуларно движење на пациентите. Во рамки на објектот ќе функционира една приемна соба за хемостатски лабораториски анализи за прием на примероци од другите здравствени установи и пациенти упатени од матични лекари за анализи, како и две амбуланти за специјалистичко-консултативна дејност.

— реклама —

Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.

— реклама —

Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и фемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања