Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Пријател на Мицкоски за директор на МТВ е последниот дел од мозаикот на заробена држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на изборот на нов директор на Македонската телевизија (МТВ), оценувајќи дека станува збор за уште еден чекор во, како што рече, „мозаикот на заробена држава“ под власта на премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Филипче истакна дека со ова поставување се продолжува праксата на партизација на институциите, при што националниот сервис, според него, треба да биде независен, а не под политичко влијание.

— реклама —

„Ова е последниот дел од мозаикот на заробена држава во која институциите не им служат на граѓаните, туку на една партија и еден човек. Новиот директор на МТВ е последниот сегмент во тој мозаик. Станува збор за човек без соодветен професионален бекграунд кој не може да го води националниот сервис“, рече Филипче.

Тој додаде дека, според него, станува збор за лице блиско до премиерот, што дополнително ја доведува во прашање независноста на институцијата и нејзината уредувачка слобода.

— реклама —

Филипче го поврза овој случај со, како што наведе, поширок модел на контрола врз институциите, споредувајќи го со претходни периоди на владеење.

— реклама —

„Ако целиот систем е имитација на периодот до 2016 година, кога институциите беа под партиска контрола, денес гледаме ист модел – обвинители, судии и институции под притисок“, изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања